Македонија
28. јуни 2019 - 19:39

81-годишната Марија прва донесе туристички тури од Холандија во Охрид

Холанѓаните се најголемите вљубеници во Охрид.Потврда за тоа е 81 годишната Марија Влардингербрук поранешен туристички директор ,жената која пред 30 години прва носела туристи во Македонскиот бисер .Таа после толку години повторно одмара на брегот на езерото но овој пат како турист заедно со своите пријателки и албумот полн со спомени од далечната 1988 година. Пред камерата на Сител телевизија со радост и воодушевувања ни раскажуваше за убавите спомени на илјадниците туристи.

Марија е воодушевена од нашето културно  наследство и природното богатство, но ја сака и  македонската мастика ,храна и музика . Таа вели најдобарата реклама за туристите е добриот збор и гостопримството кое повторно ги враќа посетителите  назад ,за разлика од денес во минатото повеќе доаѓале млади холанѓани а интересно е и тоа што една од најпродаваните ексурзии од Охрид  била еднодневна посета на Дубровник со авион .

Поранешната холандска директорка која е вистински амбасадор на Охрид вети дека следната година повторно ќе дојде тука а на некои од вработените во

охридските хотели пријатно ги изненадени бидејќи се најдоа во албумот на Марија полн со  фотографии забелешки ,разгледници и договори кој го чувала сите овие години .