Македонија
7. August 2024 - 16:34

80 заболени од голема кашлица во Куманово – Две деца се хоспитализирани

По 3 случаи со голема кашлица дневно се регистрирааат во Куманово последниот период. Овој град е втор по бројот на заболени после Скопје. Од Центарот за јавно здравје велат дека има заразени од сите возрасни групи, но повеќето се деца кои не биле вакцинирани. Поради компликациии од бактериската инфекција 3 месечно доенче и две годишно дете пред 10-тина дена биле хоспитализирани во Клиниката “Козле”.

- Во рамки на епидемијата на територијата на град Куманово, заклучно со 6 август пријавени се 80 случаи на голема кашлица. Во месц јули имаме две дечиња пријавено кои се хоспитализирани во УК за респираторни заболувања кај децата “Козле”. Исто така пријавени се 13 случаи на територијата на општина Липково, изјави д-р Едита Рамизи, епидемиолог во ЦЈЗ Куманово.

Досега во Македонија потврдени се близу 1000 заболени од голема кашлица. Најмногу случаи над 700 - тини има во Скопје,  а епидемија е прогласена и во Тетово. Заболени пријавени се и во други 20 општини во Македонија.