-->
-->
76-годишна жена измамена за 20.000 евра - и кажале дека ќерка и била прегазена, биле потребни пари за операција
-->
На 07.08.2025 во 21:00 часот во СВР Тетово, 76-годишна жена од Тетово пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 20.000 евра. Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка била прегазена на пешачки премин и дека е потребно да плати за да биде оперирана. Како што е пријавено, ги зела парите и со нејзиниот сопруг отишла на договореното место во Скопје, каде што ги предала парите на женско лице, соопшти МВР.
Откако се вратиле во домот во Тетово, ќерката била таму, по што сфатила дека е измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Македонските фудбалери поразени од Саудиска Арабија
-
Зеленски: Сите сојузници од Коалицијата на подготвените согласни се дека Русија ги отфрла иницијативите за мир
-
Русија протера естонски дипломат
-
Почина италијанскиот моден дизајнер Џорџо Армани
-
Гаши за утре закажа седница на собраниската Комисија за надзор над работата на АНБ и АР
-
Министерот Тошковски на средба со амбасадорката Агелер: Потврдена силна поддршка од САД за реформите во МВР
-
УХМР: Следува период на претежно стабилно време
-
МОН: Испораката на учебниците завршува деновиве, електронскиот дневник функционира без проблеми