75-годишна македонска државјанка се удави на Халкидики

Вчера попладне 75-годишна македонска државјанка била извлечена без знаци на живот на плажата Созополи во општина Неа Пропонтида, во близина на првиот крак на Халкидики, веднаш ѝ била укажана прва помош од екипа на итната медицинска служба, по што била пренесена во болница, но лекарите констатирале смрт, јави дописничката на МИА од Атина.
Од крајбрежната служба на Грција соопштија дека крајбрежната управа на Неа Муданија била информирана дека „75-годишна странска државјанка (државјанка на Република Северна Македонија) била извадена без знаци на живот од плажата Созополи, во општина Неа Пропонтида“.
По пристигнувањето на возило на брзата помош ѝ била укажана прва помош, а потоа пренесена во Здравствениот центар во Неа Муданија, каде што била констатирана смрт.
Дополнително информираа дека во рамките на прелиминарната истрагата било наредено да се изврши обдукција во Институтот за судска медицина во Солун.
Според информациите на МИА, ова е четврти случај на давење на македонски државјанин на грчките плажи за оваа сезона.
Во изминатите два месеци животот го загубија 20-годишно момче на првиот крак на Халкидики, 77-годишна жена на вториот крак и 80-годишен маж во близина на Кавала.
МИА
Ново на Сител
-

Песков: Пауза во преговорите со Украина
-

Од Зелениково до Скопје со воз за 25 минути, ремонт и на делницата Драчево-Илинден за раст на товарниот сообраќај
-

Кокаин, 488 стебла канабис и цел арсенал оружје пронајден кај 48-годишник од Подмоље
-

Извадил пиштол, го репетирал и им се заканувал на вработените во угостителски објект во Скопје
-

Приведени две лица во Кавадарци, под дејство на алкохол агресивно се однесувале кон полициски службеници
-

Мицкоски: За рекордно време успеавме да ги мобилизираме сите капацитети и започнеме со чистење на Град Скопје
-

За долг од 80.000 денари лихвари во Кавадарци наплатиле 700.000 денари
-

До понеделник променливо облачно со дожд, од вторник стабилизирање на времето
