70-годишник пукал од балкон во Ѓорче Петров
70-годишник од скопската општина Ѓорче Петров од балкон испукал неколку куршуми во воздух, по што полицијата влегла во неговиот дом и му одзела повеќе огнени оружја и муниција.
- Вчера во 17.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека од балкон на стан на подрачје на Ѓорче Петров, Ж.К.(70) од Скопје го нарушил јавниот ред и мир така што со пиштол испукал неколку куршуми во воздух. Од лицето бил одземен пиштолот „М- 70“ калибар 9мм., две рамки за пиштолот, 12 куршуми калибар 9мм., футрола за рамка, ловечка пушка „црвена застава“ калибар 16/70мм., два патрона за ловечка пушка „белон 2,50 мм.“, футрола за ловечка пушка и две дозволи за поседување и носење оружје на негово име, велат од полицијата.
По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Ново на Сител
-
Одложено судењето за „Адитив“, доцнеше полицискиот спровод на обвинетите
-
Камен темелник на Ветерниот парк во Штип
-
Вреди: Во Струга имаме сигурен кандидат
-
Арпата од ланската реколта ќе се откупува за стокови резерви
-
Бројни културни манифестации за привлекување туристи
-
Преглед на вестите од светот
-
ДЗР: Политичките партии под лупа, извештаите за трошење мора да се донесат на време
-
Градежниците - Најдефицитарен кадар во земјава, недостигот се увезува од странство