7 дена секое утро појадувала само 3 јајца - се случило нешто незамисливо!

Една жена одлучила да дознае дали јајцата се навистина толку лоши како што многумина зборуваат, еве што открила.
Отсекогаш сакав јајца - ме заситуваат и вкусни се, но од некои причини никогаш не сум ги подготвувала во работните денови бидејќи мислев дека немам време за тоа, а многу зборуваа дека не се здрави.
Во суштина секогаш излегувам од станот со банана или јаболко во раката.
Меѓутоа поради тоа секогаш бев изгладнета многу пред времето за ручек. Затоа одлучивл дека е време за промена и таа промена ќе биде јадење на 3 јајца секој ден.
Јајцата се совршен мал пакет. Не само што се преполни со протеини, туку жолчката содржи омега 3 масти, витамин Д, Е и Б12, како и многу минерали.
Еве што се случи кога почнав секое утро да јадам по 3 јајца.
Луѓето мислат дека јајцата се штетни, но не се во право.

Знев дека многу од пријателите ќе ми велат дека тоа е лоша идеја и дека не би требало да ги јадам, меѓутоа науката ги надмина советите дека е најдобро да се јадат само белките, а и бројни советите кои се однесуваат на мастите и холестеролот не се базирани на вистински истражувања.
Експертите денес тврдат дека има холестерол во јајцата, но дека тој нема големо влијание на холестеролот во крвта - а тој е крив за запушени артерии.
Нутриционистите исто така нагласуваат дека бројот на јајца кои смеете да ги изедете во текот на една недела во голема мера зависи од тоа како изгледа остатокот на вашата исхрана. Поради тоа што мојата исхрана е прилично здрава и физички сум активна, се чуствувам уште подобро откако ќе ја направам оваа промена.
Правев појадок за помалку од 4 минути.

Не постои изговор кој ќе ве спречи да појадувате, особено кога можете да подготвите одлична кајгана за буквално 4 минути. Ова е многу побрзо од правење сендвичи, спремање овесни снегулки или чекање ред во пекара.
Цел живот живеев во лага.
Можев да ги прескокнам попладневните грицки.

Поради тоа што утринската банана или јаболко не беа доволни да се чуствувам сито, не ни беше чудно што умирав гладна до 10 наутро. Меѓутоа новата рутина со 3 јајца правеше да се чуствувам сито до пладне, а бев и повеќе концентрирана бидејќи не морав да размислувам за гладта.
Јајцата ми го променија животот на подобро.
Редовниот појадок не само што направи чудо за мојата глад и концентрација, веќе секое утро морав да седнам и да поминам 10 минути во мир. Морав да се опуштам и психички да се подготвам за денот кој ме очекува.
Планирам да ја задржам оваа здрава навика, освен ако не откријам дека чоколадото е клуч за долг живот. :)
Ново на Сител
-

Вучиќ: Специјалниот суд за Косово сакаше да го зачува кредибилитетот на ОВК
-

Централно-левичарска опозиција победи на изборите во Шведска
-

Русија бара меѓународен договор за забрана на офанзивно оружје во вселената
-

ЦУК: Активни два пожари на отворен простор, осум изгаснати во текот на денот
-

Курти: Пресудата за водачите на ОВК е неприфатлива неправда
-

Мицкоски во Вашингтон на средба со конгресмените Клаудиа Тени и Кит Селф, разговарано за значењето на стратешкото партнерство со САД
-

Македонските одбојкари со триумф над Израел
-

Се предлага зголемување на помошта за новороденчиња: 18.450 денари за прво, 36.900 за второ и 52.275 денари за трето дете
