63% зголемување на договоротите за осигурување на земјоделските посеви
Расте интересот за осигурување во земјоделството. Земјоделците склучиле 3.784 договори за осигурување на посевите, при што владата им покрива 60 проценти од трошоците. Според вицепремиерот Ставрески осигурувањето во земјоделството бележи раст од 63% оваа година.
– Почнувајќи од 2008 година Владата воведе мерка за помош за премии за осигурување за примарното земјоделското производство, природни непогоди и неповолни климатски настани. Бројот на склучени договори континуирано расте. По почетните проблеми од 2008 година кога имавме само 146 барања, денеска веќе во 2015 нивниот број е 3.784 склучени договори, а бруто полисираната премија изнесува 181 милиони денари односно бележи пораст од 63 проценти во однос на минатата година, истакна Ставрески.
Осигурителната индустрија продолжува со севкупен раст. Најголем е кај животно осигурување, над 21 процент. Во првата половина од годината секторот оствари финансиски резултат од 5,8 милиони евра или 29 проценти повеќе во однос на тој период лани. Вкупниот капитал на друштвата изнесува 84 милиони евра што е за 4,5 пати над потребното ниво за солветност.
Сегмент чиј развој допрва се очекува е банкарското осигирување кое на македонскиот пазар е далеку под потенцијалот.
Супервизорите на индустријата очекуваат осигирутелниот бизнис и натаму да расте со оглед на појавата на нови ризици, како што се бавното економско закрепнување и сајбер ризиците.
-

Филип Момировски
Сите содржини од овој новинар
