5ти Мај, Ден на македонскиот јазик
“Јазикот е единствената наша татковина” ќе рече македонскиот великан Блаже Конески. Денеска се 77 години од официјалното усвојување на македонската азбука. Професори, институти, политичари, сите со апел да се чува и негува македонскиот јазик.
Но колку е катедрата за македонски јазик привлечна за студентите? Оттаму велат интересот е зголемен за разлика од претходните години, но она што ги одвраќа студентите од оваа професија се малите шанси за вработување. Дополнително пак, се кубури и со кадар во овој сектор. Доколку нема нови вработувања, 5 мај ќе биде историски датум на јазик во изумирање, вели професорката Веселинка Лабровска.
Предлог законот за македонски јазик пак е заглавен во Собранието. Од Институтот за македонски јазик бараат што побрзо да се усовои, бидејќи така би се отвориле повеќе работни места.
Премиерот Ковачевски со министрите за образование, култура, труд и социјална политика порача да се негува македонскиот јазик, кој е вечен паметник на постоењето на македонскиот народ.
Пред четири години, Владата го прогласи 5 мај за ден на македонскиот јазик.
-
Тамара Дичоскa
Сите содржини од овој новинар