Македонија
26. November 2015 - 12:57

59-годишниот Илија пронајден мртов во својот стан во Скопје

Педесет и девет годишниот скопјанец Илија Ц. вчера утрината бил пронајден мртов во својот стан.
 
Илија го пронашла неговата сосетка М.Т.(46) која имала клуч од станот.
 
Смртта била констатирана од страна на лекар од Итна медицинска помош.
 
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Скопје. По наредба на ЈО, телото е предадено на Институтот за судска медицина и криминалистика за обдукција.