Македонија
19. July 2020 - 10:53

59-годишен градежен работник е новиот позитивен на Ковид-19 во Кавадарци

Педесет и деветгодишен градежен работник е новиот позитивен на Ковид-19 во Кавадарци, за МИА потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.

Јовановски рече дека кавадарчанецот се тестирал поради симптоми на коронавирус, а со средна клиничка слика бил на лекување во болницата ,,8 Септември” во Скопје.

Се утврдуваат неговите контакти, со цел нивна изолација.