58 нови случаи на КОВИД-19 во земјава
Во изминатото деноноќие се регистирани 58 новозаразени пациенти со коронавирус во Македонија, објави „Фактор“.
Според неофицијалните извори, најголем број заразени има во скопските општини Сарај, Чаир и Бутел.
Во тек е состанок на Комисијата за заразни болести.
Ова е најголем број новозаразени со ковид-19 досега откако почна да опаѓа бројот на пред неполн месец. На 12 април беа регистирани 68 новозаразени во еден ден. Првиот случај беше регистиран на 26 февруари. Вчера Министерството за здравство информираше за тројца починати и 38 новозаразени со ковид-19. И во екот на заразата со ковид-19 никогаш досега немало 58 новозаразени во еден ден.
Од среда, 27 мај Владата го укина полицискиот час кој беше на сила повеќе од два месеци, а од вчера работат кафеаните и рестораните по посебни протоколи.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2.077, бројката на оздравени пациенти е 1.486, на починати е 122, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 469. Овие бројки се однесуваат на вчерашниот ден.
Ново на Сител
-
Пожарите пустошија големи површини шума - никој не е казнет
-
Дигитална трансформација на водните услуги во ЈКП-ЈА
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Диме Велев, претседател на Сојуз на здруженија на дијабетичари
-
Трајановски најавува градежна офанзива во патната инфраструктура
-
Трет ден комисиска расправа за предлог-буџетот за 2025 година
-
Мицкоски ги повика банките на општествена одговорност
-
СДСМ: Власта ја партизира АЕК