Македонија
18. October 2022 - 14:08

57 нови случаи на Ковид-19 во земјава, пријавено е едно починато лице

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:

Направени се 808 тестови, а регистрирани се 57 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 38, Битола и Прилеп – по 5, Штип - 4, Кавадарци, Велес, Струга, Неготино и Крушево – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (57), регистрирани се 15 реинфекции.

Регистрирани сe 9 оздравени пациенти од: Скопје – 8 и Македонски Брод - 1.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е едно починато лице од Струга (86г), и истото е починато во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, нема регистрирани починати лица.

Направени се 808 тестови: ИЈЗ-127, ЦЈЗ Скопје-64, ЦЈЗ Битола-16, ЦЈЗ Прилеп-11, ЦЈЗ Тетово-7, ЦЈЗ Куманово-29, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, Институт за микробиологија-58, Жан Митрев (Филип Втори)-3, Авицена-23, Биотек-13, Систина-4, лабораторија Лаор-1, Синлаб-2, Ремедика-9, Плодност-2, Генеа-3, Никоб Лаб-10, ВФВ Медикал-4, Ели Медика Плус-6, Спектра-ММ-1, Рапид Лаб–0, Жан Митрев Струмица–1, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-3, ПЗУ ГМ Лаб-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 411.

Досега во земјата се направени вкупно 2.177.967 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.722, бројот на оздравени пациенти е 333.833, на починати е 9.554 а бројот на активни случаи изнесува 335.