Македонија
21. September 2017 - 16:04

54 годишниот Димче Божиноски од охридско Велгошти неможе да се грижи за неподвижната мајка

Живот во 4 ѕида со својата болна мајка . постојано   по доктори и на терапии но со оглед на тоа што последните неколку месеци состојбата и се влошила и нејзините болки станале неиздржливи Божиноски ниту спие ниту може нормално да функционира.

Пред камерата на Сител со солзи во очите бара помош од надлежните здравствени институции да ја згрижат неговата мајка со оглед на тоа што тој не е во можност да плаќа за сместување во геријатриското оделение во општата болница во Охрид.

Димче  е невработен и живее од скромната пензија на неговата мајка вели неможе ни работа да најде  бидејќи 24 часа е затвореник во својот дом,негата која што до неодамна ја земал надлежните му ја укинале поради недостаток на документи.

Соседот Секулоски кој по еден саат или два во денот доаѓа во посета тврди дека жалосно е тоа што нема кој да му помогне на неговиот пријател.

Божиноски се надева дека некој ќе го слушне неговиот глас за помош и ќе ја згрижи неговата болна мајка на која и е потребна целосна нега.

Инаку во законот за семејство Член 181 стои дека децата се должни да ги издржуваат своите родители кои се неспособни за работа а немаат доволно средства за издржување или средствата за издржување не можат да ги остварат од својот имот.