54-годишен камионџија од Крушево починал во Холандија - се собираат пари за транспорт на телото
54-годишен крушевчанец Тодор Горгиески, кој работел како камионџија, починал во саботата во Холандија.
На социјалните мрежи е објавен линк со кој се бара помош за семејство чиј близок роднина починал во Холандија. Се собираат пари за да се донесе телото во државава за погреб.
На Фејсбук е објавен линк преку кој се бараат донации кои се потребни за транспорт на телото во Македонија како и помош за семејството за останатите трошоци.
„Драги пријатели и колеги, да ја покажиме уште еднаш нашата хуманост и солидарност кон семејството на нашиот колега: Тошо Горгиески од Крушево, кој ненадејно почина во Холандија. Да се здружиме и да помогнеме на фамилијата со екстремните патни трошоци за телото на нашиот драг колега“, стои во објавата.
За трошоците кои се потребни за да биде погребан Ѓорѓиески, може да донирате средства на овој линк.
Ново на Сител
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста