Македонија
18. November 2021 - 16:02

53 годишен маж лишен од слобода поради заканување со пиштол

На 17.11.2021 во 18.00 часот во с.Десово, општина Долнени, полициски службеници од Полициското одделение Ропотово го лишиле од слобода Х.Ш.(53) од с.Десово, затоа што им се заканил со пиштол на Е.П. и Е.П., двајцата од с.Десово. Тој бил приведен во полициска станица, а пиштолот бил пронајден и одземен. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.  

Ново на Сител