Македонија
30. January 2022 - 16:33

520 казни за два дена на улиците во Скопје

Зајакнати полициски контроли по скопските улици. Само за овие два дена во главниот град се изречени над 500 казни. Најмногу од нив се за непропуштање пешаци на пешачки прмеин – 140. Следен прекршок е брзото возење, стотина казни се изречени за ова во овие два дена. Статистиката на МВР покажува дека голем проблем на македонските возаачи е што пијани седнуваат зад воланот.

Според полицијата, минатата година поминала со убедливо  најмал број жртви во сообраќајни несреќи во послендите 10 години, 111.

-Значи ова е убедливо најбезбедна година во сообраќајот, што е секако резултат и на големиот број репресивни и превентивни активности на МВР. Само во текот на минатата година се изречени над 240.000 санкции за сообраќајни прекршоци, од кои над 100.000 за пребрзо возење, што е најчеста причина за тешки сообраќајни несреќи. Во 2022 имаме до сега девет жртви, што е во рамки на просекот од минатата година односно 9-10 месечно.

Според статистиката на МВР, бројот на жртви во несреќи во сообраќајот е во постојан пад. Најмногу загинати имало во 2013 198 по што бројката постојано се намалува.