Македонија
7. May 2025 - 16:32
500 ученици во хуманитарна трка
Околу петстотини ученици од охридските средни училишта трчаа за поддршка на семејствата на жртвите во несреќата во Кочани. Младите велат дека трагедијата остави длабоки траги, тие сочувствуваат со врсниците и бараат начини да покажат почит и да помагаат .
Во Трката „Од срце трчај со срце дарувај за Кочани” во должина од три километри долж Кејот на Охридското Езеро се приклучија и наставници и родители на учениците.
Собраните средства од хуманитарната трка ќе бидат донирани на семејствата на жртвите на несреќата во Кочани.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->