50 годишен маж загина во сообраќајка во Желино
50 годишен маж загина во сообраќајна несреќа во текот на вчерашниот ден на локалниот пат во тетовско Желино откако 42 годишен маж со патничко возило „бмв“ удрил во него и го напуштил местото на настанот.
На 02.06.2022 во 20.20 часот во СВР Тетово било пријавено дека на локалниот пат во тетовско Желино, патничко возило „бмв“, со тетовски регистарски ознаки, сопственост на Д.Ф.(42) од ова село, управувано од лице кое го напуштило местото, удрило во пешакот З.С.(50), од истото село. Од здобиените повреди пешакот починал на местото на несреќата. Увид извршиле екипа од СВР Тетово и Јавен обвинител по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција. Сопственикот на возилото Д.Ф. бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Тетово.
Ново на Сител
-
300 пати над дозволеното присуство на јаглерод моноксид
-
Двојно убиство и самоубиство во Велес
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски
-
Двојно убиство и самоубиство во Велес
-
300 пати над дозволеното присуство на јаглерод моноксид
-
Пожарот во Трубарево е изгасен, на Дрисла се уште чади
-
МВР ќе ги засилува капацитетите и контролата на депониите и критичните точки на палење