-->
-->
5-ти меѓународен турнир во џиу-џицу „Скопје опен 2015’’
-->

Спортскиот директор на Европската џиу-џицу федерација, Карл Келц, кој воедно е и директор на Јадранската џиу-џицу Лига, заедно со претседателот на Македонската федерација, Александар Ацевски и генералниот секретар Деан Соколовски, денеска беа во посета на Агенцијата за млади и спорт и остварија средба со директорот Марјан Спасески.
Повод за средбата беше организацијата на меѓународниот џиу џица натпревар “Скопје опен”, кој по 5-ти пат ќе се одржи во Скопје.
Истовремено, средбата доаѓа и како резултат на одличната работа на раководството на Македонската џиу-џицу федерација, која после двегодишно прилагодување и после тригодишна земја кандидат, успеа да излобираат на Генералното Собрание што се одржа во јули, годинава во Атина едногласно да се донесе заклучок Македонија да биде полноправен член на Светската џиу-џицу Федерација, која брои вкупно 108 земји - членки.
Директорот Спасески ги информираше гостите за одличната соработка, што Агенцијата за млади и спорт ја има со Македонската џиу-џицу федерација и се заблагодари на претставниците на Светската федерација што Македонската федерација е признаена под уставното име и е дел од ова навистина големо и престижно друштво.
На средбата се разменија мислења за поддршката на овој спорт и значењето младите луѓе повеќе да практикуваат спортски и здрав начин на живот.
Дополнително, стана збор и за традиционалниот меѓународен турнир “Скопје опен”, кој утре (07.11.) ќе се одржи во спортската сала “11-ти Октомври” во Скопје, а на кој учество ќе земат преку 170 натпреварувачи од 9 држави.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мистериозна бела пена во Вардар: Дрон и инспектори во потрага по загадувачот
-

Тема на денот со Марија Андоновска директорка на Институтот за јавно здравје
-

Комисија за заразни болести - по црвените инфекции може да се појави и жолтица во Гостивар
-

АХВ ја укина забраната, водата во Валандово е повторно безбедна за пиење
-

Пет години за спас на Охридскиот регион - УНЕСКО го одложи впишувањето на листата во опасност
-

Рокас: Се водат разговори зад затворени врати, но Македонија мора да го промени Уставот
-

Велковски уверува: Парите во вториот пензиски фонд се гарантирани и со Закон и со Устав
-

Мицкоски ја заокружи реконструкцијата - Зејнула избран за нов министер без ресор
