Македонија
13. March 2025 - 16:31

5 години членка на Нато-предизвиците пред кои е исправена државата се големи

Предизвиците пред кои сме изложени се исто толку големи колку и придобивките кои ги имаме како земја која е веќе пет години членка на најмоќната алијанса. Важно е да се вложува во буџетот,да се разговара за регионалниот пристап и за она што и е најпотребно на армијата. Министерот за одбрана во обраќање на трибина организирана од ветерани во одбраната, порача дека токму  во насока на модернизација и засилување на армијата  е и огласот кој денеска е објавен за вработување на 300 нови професионални војници.

На трибината свој осврт за патот до пристапувањето и значењето од членството во НАТО дадоа и поранешни генерали и  високи чиновници во армијата. Улогата на НАТО во поддршка на Украина во овие критични времиња е од клучно значење, потенцирајќи дека нашата држава треба активно да делува следејќи ги случувањата во евопрските земји – членки во НАТО кои најавуваат поголеми инвестиции во одбраната. 

-Новата американска администрација во изминатите 2 месеци инсистира на значително зголемување на инвестициите во одбраната и способностите од страна на европските членки на НАТО, најавува намалување на американското присуство на европскиот континент, упорно и одлучно презема мерки за брзо завршување на војната во Украина, наметнува такси и имаме трговска војна во зачеток... Се се тоа случувања кои од една страна предизвикуваат загриженост но од друга страна иницираат акција. 

Членството во НАТО го оценија како еден од најважните историски моменти во реализација на нашата стратешка цел како мала држава која се наоѓа во чувствителна гео стратешка положба. Ветераните оценија дека рамноправното учество во Алијансата не само што е важно од безбедносно политички аспект за државата туку  тоа суштински се одразува на севкупниот живот, на иднината на секој граѓанин и на идните генерации.