Македонија
20. October 2015 - 16:19
49-годишен гостиварчанец со секира си ја убил сопругата
Убиството во гостиварско Врапчиште се случило ноќеска околу полноќ по расправија на двајцата сопружници на 49 и 45 години. Откако повеќе пати ја удрел жената со секира, мажот заминал во Гостивар каде самиот се пријавил во тамошната полициска станица.
По пријавувањето полицијата започнала увид, при што е најдена секирата со која е извршено убиството.
Сопружниците имале две полнолетни деца. Ова е второ убиство во Гостивар во текот на 2015 година.
-

Александар Самарџиев
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
