460.000 евра за О.Карбинци од унгарскиот кредит
Општина Карбинци на вториот повик за финансирање на проекти од унгарскиот кредит ќе аплицира со четири проекти. За реализација на планираните активности ќе им бидат потребни околу 460 000 евра. Се работи за проекти со кои се решаваат инфраструктурни прашања, кои се од интерес на граѓаните од руралната општина.
- Очекувам една голема градежна офанзива, градежна екпсанзија во населените места во Карбинци, изјави Виктор Паунов, градоначалник на О. Карбинци
Паралелно, општината аплицира и во рамки на другите повици од инститициите на централно ниво.
- До Бирото за регионален развој Општина Карбинци поднесе проект за регулација на Козјачка река. Аплициравме и до министерството за локална самоуправа во рамките на Програмата за намалување на диспаритетите, а тоа е реконструкција на подрачното училиште во село Радање, изјави Паунов
При зголемен водостој поради поплавите, реката Брегалница го оштети мостот, кој подолго време се реконстрираше, а сега се бара трајна решение.
- Проект во Министерството за животна средина, за регулација на р. Брегалница, на потегот кај с. Долни Балван, за изградба на прагови и каскади, со што ќе успееме конечно да го стабилизираме ова тло на подрачјето кај самиот мост, додаде Паунов.
Сите овие проекти кои ќе се реализираат во Општината се со вредност од над еден милион евра, а средствата се обезбедени од централната власт.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар