46-годишна жена измамена за 600 евра
СВР Струмица поднесе кривична пријава против А.М.(50) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“ и против М.А.(46) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“ во врска со „измама“. соопшти МВР.
Пријавениот, во текот на ноември 2024 година, додека бил на издржување затворска казна, измамил 46 - годишна жена од струмичко село за сума од 600 евра. Имено, пријавениот ѝ се јавил и претставувајќи се лажно ја довел во заблуда дека нејзината почината мајка имала долг во фирмата во која претходно работела и дека М.А. ќе мора да го подмири долгот за да не биде отпуштена од нејзиното работно место. Второпријавената пак, му помагала на првопријавениот при вршење на кривичното дело.
Ново на Сител
-
ЕУ перспектива?
-
САД ја обновува воената помош за Украина, како ќе постапи Македонија?
-
80 години Црвен крст – потпишан меморандум со универзитетската фела
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ: Тежок криминал, а судот само одзема пасоши
-
Армијата бара 300 нови професионални војници
-
Колку сме подготвени за справување со пожарите
-
Црвен Крст на Македонија иницира носење на нов закон за волонтерство