46-годишен маж од Скопје се удави во Дебарско Езеро
Маж на возраст од 46 години попладнево се удавил во водите на Дебарско Езеро, во делот близу Општина Центар Жупа.
-Во 16:05 часот, во ОВР Дебар е пријавено дека, во водите на Дебарско Езеро во близина на селото Папрадник, Општина Центар Жупа, било забележано безживотно машко тело. Од преземените мерки на терен, полициските службеници од ОВР Дебар, констатирале дека се работи за М.И.(46) од Скопје, информираа од полицијата.
Увид на местото извршиле полициски службеници и јавен обвинител, а по наредба на јавниот обвинител телото е предадено на обдукција за да се утврди точната причина за смртта.
-Наша екипа на итна медицинска помош брзо по дојавата пристигна на местото. Дежурниот лекар само констатирал смрт. На телото на удавеното лице немало траги на насилство, потврдија за МИА од Општата болница со проширена дејност.
Според рибочуварската служба станува збор за спортски риболовец, кој често доаѓал на риболов за што поседувал и дозвола.
Ова е втор случај на давеник во Дебарско Езеро. На крајот на јуни жена на возраст од 27 години се удави во близина на градската плажа. Телото го забележале двајца граѓани кои веднаш ја извлекле од водата и се обиделе да ја реанимираат, но обидите биле безуспешни.
МИА
Ново на Сител
-
Состојба со пожарите во Трубарево и Дрисла
-
Четири лица завршија на токсикологија од пожарот во Трубарево – утре ќе се знае колку и со што е загаден воздухот
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за пожарите и штетниот воздух
-
312 кандидати за градоначалници во 80 општини и Скопје, 18 се за главниот град
-
Сашко Јанчев од Левица удрил во двајца малолетници на мопед и е приведен во полиција
-
Хаос во образовниот процес во Кочани
-
Билјана Драгичевиќ Пројковска добитничка на наградата „Ристо Шишков“
-
Вонреден состанок на управувачкиот комитет за кризи поради пожарот во Трубарево