-->
-->
42-годишен кавадарчанец ограбил 11 куќи и викендици за пет месеци
-->
Полицијата во Кавадарци поднесе кривична пријава против 42-годишниот О.В. од Кавадарци поради извршени 11 кражби во период од три месеци.
„Имено, во периодот од септември 2024 година до јануари 2025, О.В., најчесто со употреба на сила и подесен алат, од викенд куќи , семејни домови, верски објекти и продажен објект, на подрачје на Кавадарци и Росоман одзел различни предмети. Со извршување на делата тој се стекнал со противправна имотна корист од околу 466.000 денари. На 16.01.2025 О.В. е лишен од слобода, а по издадена наредба од Основен суд Кавадарци, при извршен претрес во домот каде престојувал, биле пронајдени и одземени предмети од извршените кривични дела“, информираат од МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Акцијата за чистење на Скопје е успешна, собрани 4.500 тони смет
-

31 питомец и 28 слушатели од курсот за офицери и штабни службеници дадоа свечена заклетва во Воената академија
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Борче Треновски универзитетски професор
-

Го исполни ли Ѓорѓиевски ветувањето - чист град за 72 часа?
-

Премиерот готви реконструкција – партиите се спремаат за конгреси
-

Во петок ќе почне комисиската расправа за предлог - буџетот за 2026
-

АХВ спречи 37 тони небезбедна храна да стигне до потрошувачите
