4 милиони граѓани аплицирале за паричната помош од 100 евра во Србија
Министерот за финансии на Србија, Синиша Мали, објави дека вкупно 4 милиони граѓани на Србија, заклучно вчера, односно во последните десет дена, аплицирале за еднократна парична помош од 100 евра.
Министерот Мали на својот профил на Инстаграм напиша дека плаќањето ќе започне утре, понеделник, 25 мај, така што тие пари ќе се плаќаат секој ден за околу половина милион граѓани на Србија.
Претходно, беа исплатени средства за околу 1,7 милиони приматели на пензии и за околу 160.000 корисници на финансиска социјална помош.
Аплицирањето трае до 5 јуни, а можете да аплицирате преку порталот на Администрацијата за финансии – на веб-адресата idp.trezor.gov.rs или преку контакт центарот на телефонскиот број 0800 101 100 – ги потсети министерот Мали граѓаните.
Ново на Сител
-
Стратешко партнерство со Британија
-
Македонски културно-информативен центар во Белград
-
Тема на денот со Гоце Димовски, директор на ТИРЗ
-
Македонски културно-информативен центар во Белград
-
Се повеќе млади страдаат од ментални заболувања, предупредуваат лекарите по општа и семејна медицина
-
Завршија мировните преговори помеѓу Русија и Украина
-
Лидерите од Европа на самит во Тирана - проширувањето е важно за Унијата
-
Меџити потврди влез на нови пратеници во мнозинството