-->
-->
384 санкции за брзо возење
-->
Во текот на вчерашниот ден (18.11.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 384 возачи. Од нив 37 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 173 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 211 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кос го подготвува нонпејперот за полесно проширување на ЕУ, во Македонија и регионот нема многу оптимизам дека ќе помогне
-

Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-

Обвинение за 23 полицајци
-

Судијата Садула Изаири е новиот член Судскиот совет
-

Предлог Законот за минимална плата од 600 евра стигна во Собранието
-

ЕК не гарантира кога ќе се надмине проблемот на камионџиите, Мицкоски очекува решение во февруари
-

Јавниот долг падна под 60% од БДП
-

Совет на Европа го затвори постмониторинг дијалогот со Македонија
