-->
-->
360 степени: Фирмата од „аудито“ на Груби, со еден вработен, лани свртела 4,2 милиони евра
-->

Фирмата со која се поврзува ,,аудито'' кое изгоре пред зградата на Груби, иако имала само еден вработен, успеала само лани да сврти над 4 милиони евра, објави 360 степени.
Од пред точно една недела или четири дена пред опожарувањето на „аудито“ што го користел вицепремиерот Артан Груби, компанијата со која се поврзува возилото, ја сменила адресата на своето седиште, а Беким Лимани, за кого МВР вели дека е сопственик на автомобилот и дека го пријавил инцидентот, станал единствен нејзин газда.
Фирмата „Еуро ком лајтинг“, со еден вработен, лани имала приходи од 4,2 милиони евра, а нејзина приоритетна дејност е „неспецијализирана трговија на големо“, пишува 360 степени.

-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Охрид со бројни настани привлекува посетители
-

Преглед на вестите од светот
-

Пожарот во Сопиште ставен под контрола
-

Охриѓани ја слават Света Петка
-

Тема на денот со Влатко Сулев, претседател на Национална асоцијација за дојдовен туризам
-

Преглед на вестите од светот
-

Гори Водно кај с. Чифлик, Сопиште
-

Цела Македонија во портокалова фаза
