Македонија
29. јуни 2021 - 9:15

348 возачи казнети за пребрзо возење

Во текот на вчерашниот ден (28.06.2021) во периодот од 08.00 до 14.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 348 возачи. Од нив, 77 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 15 возилa се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Најмногу санкции се изречени на територија на СВР Тетово-70, потоа СВР Охрид-67... Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.