-->
-->
346 санкционирани возачи во Скопје: 150 за пречекорена брзина, 28 мотоциклисти
-->
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (20.09) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 346 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 17 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 150 прекршоци, нерегистрирани возила 24, 28 санкционирани мотоциклисти и три одземени мотори, 54 мерки за непрописно паркирани возила и 29 возила подигнати со пајак (вкупно 83), а изречени се и 48 санкции за неносење на заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.
Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар