-->
-->
34-ти „трипл-дабл“ за Вестбрук
-->

Расел Вестбук ја продолжува својата доминација во НБА лигата. Кандидатот број 1 за МВП во регуларниот дел од сезоната Вестбрук ноќеска го оствари својот 34-ти „трип-дабл“ сезонава.
Тој во победата на Оклахома над Торонто со 123:102 иако на теренот мина 28 минути сепак тоа беше повеќе од доволно да оствари учинок од 24 поени, 16 асистенции и 10 скокови.
Од останатите натпревари ги издвојуваме победите на шампионот Кливленд и Голден Стејт на домашен терен.
Леброн Џејмс, имаше „дабл-дабл“ скор од 33 кошеви, 10 скокови и шест асистенции во триумфот над Јута од 91:83 додека „Воините" го демолираа Орландо со 122:92, а очекнувано најдобри беа Клеј Томпсон кој постигна 29 и Сеф Кари со 25 поени.
На другите три средби одиграни ноќеска: Атланта – Мемфис 91:103, Њујорк – Бруклин 110:121 и Денвер – ЛА Клиперс 129:114
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Татјана Стојановска Иванова, универзитетски професор
-

„Ниту една повеќе“ – Протест во Скопје по убиството на 17-годишната Билјана Кириќ
-

11 пријави за семејно насилство за 24 часа – Над 1.400 жртви за девет месеци
-

Филков: Брисел го препозна напредокот во правосудството
-

Партиски обвинувања за работењето на Алта банка
-

Петте случаи на морбили се аларм за колективниот имунитет
-

УГД ги отвора вратите за европските студенти преку Еразмус
-

Струмички „Комуналец“ се модернизира, за три месеци обезбедена механизација вредна 20 милиони денари
