32.000 „жолти елеци“ дефилираат во Франција од кои 8.000 во Париз
Во 14.00 часот, по локално време, според проценките на улиците во Франција имало 32.000 жолти елеци од кои 8.000 во Париз и околу 5.000 во Бурж, јавува дописникот на МИА.
Засега е се уште рано да се каже колку лица се мобилизираа на денешниот „Деветти чин“ на мобилизација на Жолтите елеци.
Како и по обичај демонстрациите започнуваат мирно со дефиле на улиците, но на самиот почеток на Шанзелизе беше забележана видна тензија со силите на редот, посебно пред „Големите продавници“, кои ги имаа спуштено металните завеси.
По обичај во изминативе два месеци, судирите со силите на редот се на крајот од собирите. Во моментов полицијата во Париз употребува солзавец околу Триумфалната порта, околу авенијата Вагран, каде беа употребени и водени топови.
Дефилето во Париз е завршено, полицијата ги има блокирано сите пристапи, а солзавец почна да паѓа и пред самата Триумфална порта.
За денеска, префектурата на полицијата во Париз најави зголемени безбедносни мерки, кои се исти како во средината на декември 2018 година.
Од 80.000 полицајци и жандарми мобилизирани низ цела Франција, 5.000 ќе бидат само во Париз со четиринаесет оклопни возила на жандармеријата.
Полицијата и жандармите имаат инструкции да патролираат, да бидат мобилни, реактивни, да апсат веднаш штом ќе се случи непочитување на редот ни мирот, најави префектот Мишел Делпек. Контроли се вршат и на пристапите кон Париз.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ЦУК
-
ОЈО Кочани бара мерки на претпазливост и за синот на газдата на дискотеката кој досега беше на лекување
-
Поголемите маркети ги објавија цените на производите, останатите се соочуваат со казни
-
Инженери предупредуваат: Владата озаконува фактурирање на сметки за струја со неотчитани броила
-
ВМРО-ДПМНЕ: Бугарија ги демантираше тврдењата на СДС дека уставните измени се последно барање
-
Граѓани прашуваат дали повторно ќе функционира “Aло докторе” – Здравство без најава за ново активирање
-
Денеска е Велики петок - Најстраданиот ден во Христијанството
-
Црквите во Охрид преполни со верници