Фудбал
31. May 2016 - 10:36

301 милион евра за репрезентациите учесници на ЕУРО 2016

 
 Националните федерации на репрезентации кои ќе учествуваат на Европското фудбалско првенство во Франција (ЕУРО 2016), ќе поделат 301 милион евра, што е за 35% повеќе во однос на минатото ЕП.
 
Секоја од 24-те репрезентации кои обезбедија пласман на ЕП само за учество ќе заработи осум милиони евра. 
 
Еден милион евра е дополнителна мотивација за секоја победа, додека за нерешен резултат секоја селекција ќе освои по 500.000 евра.
 
Пласманот во осминафиналето ќе биде награден со дополнителни 1,5 милиони евра, а 2,5 милиони евра ќе носи учеството во четвртфиналето. Полуфиналистите ќе заработат по четири милиони евра.
 
Победникот покрај приматот европски шампион, дополнително ќе заработи осум милиони евра, а поразениот во финалето ќе биде награден со три милион евра.
 
Европското првенство во Франција ќе се играа еден месец, а ќе започне на 10 јуни