Балкан
1. August 2016 - 16:17

300 пожарникари во обид да стават под контрола голем пожар на грчкиот остров Евија

Близу 300 пожарникари, потпомогнати од пет авиони „Канадери“, пет хеликоптери и локални доброволци, се обидуваат да го стават под контрола големиот шумски пожар што веќе трет ден беснее на грчкиот остров Евија.
 
Како што јавија грчките медиуми, засега нема информации за жртви, но поради наблужувањето на огнената стихија властите спровеле евакуација на едно село, манастир и мал хотел во близина на местото Лимини.

Пожарот досега уништил голема шумска површина, како и евакуираниот хотел, ресторан, една вила и уште неколку објекти.

Во близина на реонот на пожарот чекаат ферибот и неколку брода, кои би биле активирани во случај на одлука за евакузација на жителите на Лимини.