30-ти јубилејни Републички спортски игри за лица со телесен инвалидитет
Минатиот викенд на спортските терени во Струга и Охрид се одржаа јубилејните 30-ти Републички спортски игри на лицата со телесен инвалидитет на Македонија, во организација на Мобилност Македонија и Македонскиот параолимписки комитет.
Игрите се одржаа под мотото „CHANGE YOUR MINDSET-SPORT4EVERYONE“, а на истите се натпреваруваа 116 спортисти со телесен инвалидитет од 6 држави: Македонија (95), Словенија (3), Хрватска (6), Босна и Херцеговина (4), Црна Гора (3) и Бугарија (5), во стрелаштво, пинг понг и атлетика. Гостин на манифестацијата беше претседателот на Бугарскиот параолимписки комитет, Илија Лалов.
Најзначаен спортски резултат на игрите постигна нашата параолимпијка Оливера Наковска- Бикова, која во дисципината воздушен пиштол постигна резултат од 571 круг, што е резултат за 1 круг повисок од актуелниот светскиот рекорд чиј совласник е таа. Останатите шампиони во стрелаштво се: Небојша Пејоски од Струга во воздушна пушка-мажи и Елизабета Тодоровска од Куманово во дисциплината воздушна пушка-жени.
Во пинг понг првите места ги освоија: класа 3-5 Васил Росомански-Кавадарци, класа 6-8 Рубинчо Ристески-Прилеп, класа 9-10 Страшко Коцевски-Куманово, класа жени Лилјана Мицовска-Кочани. Беше одржан и меѓународен турнир во пинг понг со учество на спортисти од 4 држави. Поединечно првите места ги освоија: класа 2-5 Дамир Вуковиќ од Хрватска, класа 6-8 Јордан Митев од Бугарија, класа 9-10 Илија Томиќ од Хрватска и класа 6-10 жени Милијана Ќирковиќ од Црна Гора.
Во атлетки повеќебој најзначаен резултат постигна златната параолимпијка од Бугарија, Иванка Колева, која убедливо го освои првото место во женска конкуренција класи Ф54-Ф57.
Во истата класа кај мажите доминираше нашиот спортист Гоце Миновски од Скопје. Во класите Ф36-Ф46 и општа, кај жените триумфираше Силвана Трајковска од Скопје, додека кај мажите Никола Пеев од Гевгелија.
За време на игрите беше одржана едукативна работилница на која беа презентирани заклучоците од спроведениот проект „CHANGE YOUR MINDSET-SPORT4EVERYONE“, ко- финансиран од Ерасмус+ спортската програма на Европската Унија, а победниците по спортски дисциплини се сликаа во маички со лого на проектот.
Игрите беа финансирани од средства од игри на среќа добиени преку Министерството за труд и социјална политика.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ доби 32 градоначалника во првиот круг, ВРЕДИ има пет, НАИ четири, а СДСМ три
-
Приведен државјанин на Германија, марихуана пронајдена во возило што го управувал
-
Израел продолжува да дозволува помош во Појасот Газа
-
Јапонија: Осум мацутаке печурки продадени за 5.000 евра
-
Калас ја повика ЕУ „да биде покреативна“ во борбата против заобиколувањето на санкциите против Русија
-
Руската вакцина против рак наскоро ќе биде во Србија, експертите од „Торлак“ одат во Москва, најави српски министер
-
Скопјанец осомничен за обид за убиство на сопствениот брат
-
Одѕивот на локалните избори за првпат најверојатно нема да надмине 50 проценти во првиот круг