Македонија
12. December 2021 - 18:11

30 санкции за непрописно престигнување на територија на СВР Тетово

Полициски службеници на СВР Тетово денеска (12 декември) од 12 до 16 часот, спроведоа акциска контрола за санкционирање на непрописно  престигнување, во која вкупно се откриени и законски санкционирани 30 прекршоци (ТЕ-22 и ГВ-8).На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и тие ќе се соочат со законски предвидените парични глоби и со заштитна мерка-времено одземање на возачките дозволи.

СВР Тетово со апел до возачите да не престигнуваат на непрегледни и забранети места, да ја прилагодат брзината според условите на патот и непосредно да придонесат за сопствената и вкупната сообраќајна безбедност на патиштата во Полог и пошироко.