Бизнис
29. March 2022 - 16:29

30 милиони евра од идната недела на располагање за невработените

Од вторник невработените ќе можат да конкурираат на огласите за новите мерки за вработување. Годинава на располагање се ставени 30 милиони евра, а со планот на Владата ќе бидат опфатени над 14.000 лица. И годинава мерките се насочени главно кон ранливите категории, но фокусот е на младите луѓе за да останат во државата. За нив се дизајнирани програми за стекнување со ИТ вештини.

Годинава има најмногу пари досега и за финансирање на проекти за самовработување односно почнување сопствен бинзис.

Годинава за прв пат во соработка со УНДП се воведува и мерка за креирање работни места преку зелени инвестиции.

Оперативниот план годинава е за 5 милиони евра потежок од лани, а минатата година биле искористени близу 95% од планираните средства.