3 посто скенирачи го донирале повратот на ДДВ
Само 3 проценти од скенирачите одлучиле да ги донираат парите од поврат на ДДВ. Државата собра над 150 илјади евра по овој основ. Според податоците на УЈП, над 8.000 лица одличиле да се откажат и да ги донираат средствата за борбата со Ковид-19, а над 10 отсто или 31 илјада се изјасниле дека ќе ги задржат парите. Останатите не избрале ниту една опција. Од Управата се задоволни од одзивот.
Секој граѓанин кој донирал покажал општевствена одговорност и затоа сме и задоволни од оваа бројка, велат од УЈП.
Од опозицијата, пак, сметаат дека овие пари нема да бидат искористени на вистинското место. Обвинуваат дека Владата ненаменски ги троши парите, наместо да го купи она што на граѓаните и на здравството им е најнеопходно во моментов.
Владата троши илјадници евра пари на граѓаните во ек на корона-кризата за купување на скап алкохол, сортни вина, виски и водка, додека во исто време бара донации за респиратори. Не можам да разберам како може парите да ги има за се што е непотребно, а да ги нема за она што е потребно, како на пример за респиратори, за заштитна опрема, тоа е целата помош којашто треба да се обезбеди пред се за медицинскиот персонал и за сите останати, да треба да бараме граѓаните да го прават тоа со поврат, изјави Игор Jанушев од ВМРО ДПМНЕ.
Рокот за донирање на средствата од повратотот на скенираните сметки завршува денеска. Опцијата „Скенирај и донирај“ беше воведена на 25 Април. Надлежните тогаш посочија дека собраните средства ќе бидат искористени за справување со кризата од Ковид-19. Од утре, пак, почнува и исплатата на парите од повратот за првото тромесечје.
-

Ирена Чачкова
Сите содржини од овој новинар
