Македонија
30. March 2025 - 11:19

3-годишно дете изело гумена бонбона при што почнало да се гуши и изгубило свест

Вчера во ОВР Гостивар  било пријавено дека во Ургентниот центар Гостивар било донесено без свест тригодишно машко дете од Гостивар на кое му била укажана лекарска помош.

Родителите изјавиле дека дека детето изело гумена бонбона, при што почнало да се гуши и изгубило свест. На детето му била укажана помош, по што било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Известен е јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот.