Македонија
13. March 2021 - 10:19

29 прекршувањa на забраната за движење

Од 22 часот (12.03.2021) до 05 часот (13.03.2021) констатирано е дека 29 лица не ја почитувале забраната за движење. Од нив 18 се на територија на СВР Скопје.

Во текот на изминатото деноноќие пак (12/13.03.2021) на територијата на Република Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 544 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.