28 годишна тетовчанка пријавила обид за измама
На 18.12.2024 во 15.00 часот СВР Тетово, 28 - годишна жена од тетовско село пријавила дека едно лице се обидело да ја измами. Според пријавеното, лицето ја контактирало на социјална мрежа и се понудило да даде донација за нејзиниот болен брат, при што побарало да му испрати лична карта и трансакциска сметка од лице кое е во работен однос.
Како што е пријавено, набргу на сметката на нејзината мајка пристигнале 19.000 денари, за кои им рекол да ги подигнат и нему да му дадат 15.000 денари, додека останатите 4.000 денари ги остава за донација. Исто така, според пријавеното, кога отишле во банка им кажале дека парите кои им биле пуштени на сметка потекнуваат од брз кредит на нејзино име, по што веднаш било реагирано и парите биле вратени на испраќачот.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Помина интерпелацијата на Илире Даути
-
Помина интерпелацијата на Илире Даути
-
Тема на денот со Д-Р Дејан Докиќ, специјалист пулмоалерголог од клиниката за пулмологија и алергологија
-
10 жртви во пожарите во Лос Анџелес
-
Пет интерпелации на денешната собраниска седница
-
Тошковски: Повторно го повикувам Груби доброволно да се врати во Македонија и да ја докаже својата невиност
-
Избришано видеото со Ахмети во униформа на УЧК
-
Министерството го вклучи алармот за загадениот воздух