28 годишен Албанец неуспешно бегал од полиција, во возилото пронајдени 12 мигранти

На 03.12.2024 во 00.15 часот во близина на с.Стојаково, општина Богданци, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица го лишиле од слобода М.Е.(28) од Република Албанија.
Во наведеното време, со возилото „хјундаи“, кое го управувал, тој не застанал на знак за запирање даден од полициските службеници и продолжил со движење. Набргу го запрел возилото и се дал во бегство.
При преглед во возилото и проверка на теренот тој бил пронајден и лишен од слобода, а биле пронајдени и 12 лица мигранти (по четири од Сирија, Либан и Иран), кои ги превезувал во возилото. Мигрантите биле сместени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија, а лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-

Највисоки казни за инвеститорот по свлечиштето кај Теодосиј Гологанов
-

Високи температури и најава од УХМР за силно невреме во четврток попладне
-

Претседателката ги додели наградите Women in Tech
-

Средба Мицкоски - Пленовиќ во Охрид
-

Заемот од 260 милиони евра на пленарна седница
-

ВМРО-ДПМНЕ: Само Филипче му верува на Радев дека уставните измени се последниот услов
-

Лакавица остана без род од овошките заради една ноќ со минусна температура
-

Нови напади САД-Иран среде преговори
