Македонија
9. January 2018 - 17:12

270 лица избркани од работа од прилепската локална самоуправа

 Со Одлука на новиот градоначалник на Прилеп, од 1-ви јануари им престана работниот однос на околу 270 административни и други работници кои во изминатиот период биле ангажирани со Договори на дело во: градинките, училиштата и администрацијата. Меѓу нив има и новинари, камермани, сниматели. Градоначалникот Илија Јованоски, како и од ОО на СДСМ, се правдаат дека за овој потег единствено биле виновни од претходната власт на чело со бившиот градоначалник.

Од ОК на ВМРО-ДПМНЕ, пак, сметаат дека станува збор за класичен реваншизам, особено и заради фактот што на местата од штотуку избрканите експресно брзо веќе се поставени нови лица, блиски до СДСМ. Тие, во соопштението до јавноста, потстетуваат на предизборните ветувања на актуелниот градоначалник и на неговата Партија дека ќе има живот за сите, но, како што велат, не само што немало живот, туку, луѓето масовно остануваат без работа, без леб и на улица.

Инаку, поголемиот дел од избрканите, кои се плашат да зборуваат пред камера, веќе се самоорганизираат за протести кои ги најавуваат за денививе.