26 новозаболени и 4 починати од коронавирусот

Четворица пациенти починаа на Клиниката за инфективни болести. Двајца се од Скопје – пациентка на 79 години и пациент на 63-годишна возраст, 58-годишен од Велес и 67-годишен пациент од Прилеп, соопшти Министерството за здравство.
Во изминатите 24 часа се дијагностицирани 26 нови случаи на Ковид-19: По четири лица во Скопје и Тетово,11 во Куманово, во Прилеп – тројца, во Велес и двајца и по еден во Кочани и во Пробиштип. Со нив, вкупниот број на дијагностицирани пациенти во нашата земја достигна 854 лица.
Во Штип денеска се регистрирани тројца оздравени пациенти од Ковид-19, кои со лесна форма на болеста се лекуваа во домашни услови.
Во изминатото деноноќие направени се 330 теста. Преку Институтот за јавно здравје – 317, преку Ветеринарен факултет -13, Авицена – 9, Биотек – 24 и „Филип Втори (Жан Митрев)“ – 71.
Досега во земјата се направени вкупно 8552 тестирања на коронавирус.
Министерството за здравство соопштува и за бројот на заболени лица по местото на живеење:
Скопје – 316; Куманово – 211; Дебар – 49; Штип – 27; Прилеп – 75; Тетово – 37; Струга – 43; Велес – 32; Битола –9; Охрид –4; Кавадарци – 3; Гостивар – 8; Гевглелија – 4; Струмица – 2; Крива Паланка – 3; Радовиш – 4; Крушево – 3; Кочани – 22 и Пробиштип – 2.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Симонида Кацарска, директорка на Институт за европска политика
-

Процесот на проширување на ЕУ ќе остане заснован на заслуги и веродостојни реформи
-

Што нуди новиот нон-пејпер за Македонија?
-

Рокас: Обврските од 2022 мора да се исполнат
-

Обвинителството со видео-докази: Полицијата пристигнала 10 минути пред пожарот во „Пулс“
-

СДСМ: Ако има докази, зошто случајот „Мазут“ е стопиран?
-

Договорци од Детската клиника си ги бараат застанатите плати зошто 5 месеци не добиле ниту денар
-

Со 40 нови камиони и 2.600 контејнери ќе се решава проблемот со ѓубрето во Скопје
