-->
-->
26-годишник со двајца другари ги нападнал својата поранешна партнерка и нејзиното момче, користеле и електрошокови
-->

На 09.03.2026 во 08:30 часот во СВР Велес, 23-годишна велешанка пријавила дека во нејзиниот дом дошол Б.Б.(26) од Скопје - нејзин поранешен партнер и физички ја нападнал неа и нејзиниот сегашен 24-годишен партнер, по што и М.К.(30) и Д.Б.(43), двајцата од Скопје, кои дошле со Б.Б., физички го нападнале нејзиното момче, при што употребиле електрошок и тврд предмет.
По преземени мерки, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Б.Б., М.К. и Д.Б., кои подоцна биле спроведени во СВР Велес за понатамошна постапка.
Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ниту еден од деветмината обвинети полицајци за Пулс не се чувствува виновен
-

Една одлука спасува 8 човечки животи – органодонорството како најголема светилка во животот
-

Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
-

Запалени дипломатски возила пред Бугарската амбасада
-

САД и Иран постигнаа договор за прекин на војната и отворање на Ормутскиот теснец
-

Безбедносните експерти со внимателен оптимизам ја следат најавата за можен договор за крај војната САД – Иран
-

Поскапуваат горивата
-

Запалени дипломатски возила пред Бугарската Амбасада
