-->
-->
25-годишен скопјанец со „мерцедес“ удрил во канделабра
-->
Скопјанец се здобил со тешки повреди откако со возило удрил во канделабра, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи.
Како што појаснуваат, синоќа во 23:30 часот во СВР - Скопје било пријавено дека на булевар „Илинден“, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.С., на возраст од 25 години, удрило во метална канделабра.
Во несреќата, Ф.С. се здобил со тешки телесни повреди, додека сопатничката Л.Д., на возраст од 34 години од село Радолишта, струшко, се здобила со телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР - Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Повредени двајца пионери на Брегалница
-
Mицкоски: Погрешна теза е дека без ДУИ ќе има има етнички тензии
-
Продолжуваат партиските активности за локалните избори
-
Кондарко: Изборите ќе течат без застои
-
Експерти од Италија и Словенија ќе испитуваат што се случувало на приватните кардиохирургии
-
Пожарите стивнуваат, штетата дополнително ќе се утврдува
-
Изградбата на депонијата во Новаци се одвива бавно
-
19-ти „Марш на ангелите“ за правда