Бизнис
9. February 2021 - 16:48

25 фирми добиле државна помош без да ги исполнат потребните услови

25 фирми не ги исполниле условите, а добиле државна финансиска помош за исплата на плати. Ова е констатирано при контролите што Управата за јавни приходи ги извршила кај дел од работодавачите кои зеле пари од државата, а не исплатиле плата на работниците. Овие фирми имаат обврска целосно да го вратат износот зголемен за камата согласно закон.

Во врска со исплатата на плати, пак, Инспекторатот за труд извршил 74 контроли, а утврдил проблеми кај повеќе од половината фирми.

Инспекциите утврдиле дека сè уште има работодавачи кои на вработените им исплаќаат плата пониска од законски пропишаната и тоа најчесто во текстилните фабрики.

Инаку, до сега има околу 300 фирми кои не исплатиле плата на вработените иако за тоа добиле парична помош од државата. Деновиве истекуваат последните рокови, после што УЈП ќе ги блокира нивните сметки.