247 санкционирани возачи во Скопје: 84 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (09.03.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 247 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 84 санкции, 17 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.
Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон при возење, три санкции за некористење сигурносен појас, шест мерки за возење под дејство на алкохол, осум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири мерки за недавање првенство на минување на пешаци, три санкции за непрописно престигнување и обиколување...
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Ново на Сител
-

УХМР: Утре ќе биде променливо облачно, на места со пороен дожд и грмежи во попладневните часови
-

Расчистен случајот со насилството врз малолетничка во Аеродром, кривична пријава против четири деца и пет родители
-

Вардар во криза? Поразот од КуПС отвори многу прашања
-

Даниела Димовска избрана за претседателка на Основниот кривичен суд Скопје
-

СП 2026: Швајцарија е последниот четвртфиналист
-

Мексикански државјанин застрелан во САД по наводен напад врз агент на ICE
-

Уапсен 33-годишник од Кисела Вода, при претрес на домот пронајдена дрога
-

Цените на нафтата скокнаа по американските напади врз Иран
