247 санкционирани возачи денеска во Скопје, еден возач лишен од слобода за безобзирно возење

Денеска (13.04.2025) од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје во периодот од 12.00 до 16.00 часот беше спроведена засилена сообраќајна контрола по Оперативната акција "Безбеден сообраќај".
При тоа за време на сообраќајната контрола акцентот беше ставен на учесниците во сообраќајот кои управуваат мотоцикли и велосипеди со помошен мотор.
За време на контролата беа контролирани вкупно 1.020 возила, при што биле преземени мерки против 247 учесници во сообраќајот. За безобзирно возење по чл.297 А од кривичниот законик лишено е едно лице од слобода, за возење со брзина поголема од дозволената санкционирани се 53 возачи, 33 мерки за возење без возачка дозвола.
Изречени се 10 мерки за нерегистрирани возила, а санкционирани се и 62 возачи за управување мотоцикл без заштитна кацига, а изречени се 18 мерки за возачи кои управувале возило со несоодветна категорија, пет возачи возеле без возачка потврда, а санкциинирани се и 66 останати учесници во сообраќајот.
Привремено биле одземени три нерегистрирани возила, од кои два мотоцикли и едно патничко возило, а привремено биле одземени под сомнение за техничка исправност две возила, од кои еден мотоцикл и едно патничко возило.
Акциските контроли во рамки на оперативната акција ќе продолжат и во наредниот период со засилен интензитет. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со тоа да придонесеме за побезбедни патишта.
Ново на Сител
-

Сиљановска: Не очекувам да се нарушат односите со Бугарија
-

Јотова загрижена за бугарскиот амандман за извештајот за Македонија - почна дебатата во ЕП
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-

Приведен 44 годишeн скопјанец за палењето на возилата на бугарската амбасада
-

Нова инвестиција во ТИРЗ Тетово вредна 21 милион евра ќе отвори речиси 500 работни места
-

Од денеска нема мерки за горивата, Пазарната инспекција подготвува нов извештај за цените во маркетите
-

Се затега монетарната политика, ќе поскапат кредитите
-

Се удави 20 годишно момче во Охридското езеро
