Македонија
4. September 2021 - 11:53

24 годишно момче почина од Ковид-19 на Инфективна

Момче на 24 годишна возраст починало вчера на Клиниката за инфективни болести. Оваа информација ја потврдија и од Министерството за здравство.

Неофицијално се дознава дека починатото момче не било вакцинирано и правело свадба пред две недели.

Се очекува денеска надлежните да излезат со официјални информации за тоа дали момчето било со коморбитети.